Nikola Gruevski
НЕ СЕ МОЖНИ СЕРИОЗНИ ПРАВОСУДНИ РЕФОРМИ БЕЗ СУДСКА КАЗНА НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПОЛИТИЧКИОТ ПРОГОН, КОЈ САМО ЌЕ СЕ ПОВТОРУВА;
ВОСПОСТАВЕНА МЕТОДОЛОГИЈА НА ИЗНУДУВЊЕ ЛАЖНИ ИЗЈАВИ НА СВЕДОЦИ СО УЦЕНИ;
Реформи во обвинителско-судскиот систем во Македонија без целосна и длабинска истрага, процесирање на судски предмети и обвиненија и казни за незаконско обезбедување на лажни докази и лажни сведоци од страна на некои обвинители преку методи на уцена од страна на некои обвинители кон сведоците и кон судиите, но и со подршка на некои судии заради политички мотиви, кароерен напредок или конфорен живот, нема да има.
Тоа е многу голема операција, но само така може да се направи длабока реформа, да се исчисти малигниот дел во обвинителствата и судовите, мафијашките дел на овие институции, за здравото ткиво да преживее и да зајакне.
Само така, тоа што се случуваше нема да се повтори.
Во спротивно, порано или подоцна истоот ќе и се повтори на оваа или на некоја идна власт, кога некој нов Зоран Заев ќе одлучи да го прави истото што ни го правеше нам, со идеолошка подршка на некои странски центри на моќ, како што се случи во Македонија и тоа земјата и граѓаните во изминатите 7-8 години мошне скапо ги чинеше.
Еве по која методологија работеше СЈО, а подоцна и ОЈО за обезбедување сведоци кои даваа или се бараше од нив да дадат лажни сведочења.
Чекори:
1. Добиена е од центар на моќ листата за отстрел на лица кои треба да бидат под судски прогон, заради политички мотиви. Се истражува потенцијалниот “сведок-жртва” и се бара негова слаба точка, доколку имал некоја одговорна државна функција, се бара документ кој може да се толкува на начин штетен за него дури и да е законски, со цел да имаат инструмент за уцена. Доколку е бизнисмен се бара да му се најде некоја слаба точка во бизнисот, па дури и ако се е во ред, некој детал од работењето, плаќањрто даноци, трансфероте на пари и слично се толкува на начин кој ним им одговара како обвинители под партиска команда.
2. Се кани “сведокот-жртва” во обвинителството на разговор. Обвинителот/обвинителката на почетокот е крајно љубезен/љубезна кон потенцијалниот лажен сведок. Согласно тренизните и методологијата на работа му се укажува дека за него се распрашале добро и дека сите имаат високо мислење, дека тој е чесен човек, успешен, ценет, итн итн, со што се потсетува “жртвата-сведок” на неговиот актуелен статус и положба во општеството.
3. Одкако тој дел ќе заврши и потенцијалниот сведок веќе има и мали симпатии кој обвинителот заради прекрасно искажаните мислења за него (секој сака да чуе убави работи за себе и ен сака да се смени тоа мислење), се пристапува кон објаснување на нивното барање со следниот наратив: ,,…знаеш ние веќе ги имаме сите докази, се знаеме како било, сите други сведоци се ни признаа и дадоа изјави (го лажат), ова сигурно ќе оди во судска постапка и ќе го добиеме на суд. Обвинетиот нема долго да излезе од затвор. Но, те молиме тебе кого многу те цениме да ни помогнеш и да ни дадеш “ваква и ваква” изјава која иако сме целосно подготвени со докази, сепак ќе ни помогне да уште повеќе ги зајакнеме доказите. Таа “ваква и ваква” изјава е во 99% од случаите ЛАГА. “Жртвата сведок” треба да даде лажна изјава, дека нешто се случило што не се случило. Обвинителот всушност во таа фаза нема никаков сериозен доказ или сериозен сведок, но почнуваат да прават пајакова мрежа околу жртвата кој треба да биде обвинет и осуден по политичка нарачка и со политички мотив, жртва која е политички мотивиран таргет на истрагата, кого треба да го обвинат со куп лажни и уценети сведоци и непостоечки докази.
4. Најголем дел од повиканите најчесто одговараат дека се заблагодаруваат на искажаното високо мислење за нив, но дека најверојатно станува збор за некаква грешка, бидејќи таа изјава што ја бараат од нив би била не вистинита. Потоа се впуштаат во објаснување како се било и што се случувало реално. Како се работело по закон итн.
5. Потоа според утврдената шема се заострува дискусијата од страна на обви отелотвори и полека љубезноста се намалува, а на сцена постепено доаѓаат заканите и офанзивниот пристап. “Знаеш, ние знаеме дека и ти имаш сторено “тоа и тоа” (ЛАГА, односно намерно и свесно погрешно толкување на тоа што сведокот го направил), но бидејќи навистина имаме многу високо мислење за тебе, ти си добар човек, подготвени сме да ти помогнеме и да го заборавиме тоа, но и ти треба да ни “помогнеш” на нас. “Помогнеш” значи да сведочи лажно, но тие така нема да му го кажат, туку “да ја потврди вистината”.
6. На тоа најчесто жртвата-сведок влегува во објаснување дека тоа што го правел е по закон, дека имаат погрешно толкување, ја објаснува природата на работата што ја работи и како тоа оди, или со други зборови влегува во дефанзива и одбрана на себе си.
7. Следниот чекор е дополнително заострување на тонот на обвинителот со посилна доза на закана. На “жртвата-сведок” и се предочува со што може да се соочи доколку не ја даде изјавата која се бара од него. Некогаш и многу често тоа е од статус на сведок да добие статус на обвинет. Ако тоа нема никаква логика тогаш му се кажува “за тоа и то што тие свесно и намерно погрешно го толкуваат ќе следи кривична пријава. Ако не можат да најдат нешто такво за него, тогаш наоѓаат за сопруга/сопруг или слично. Му се кажува каква казна го/ја очекува, колку години затвор и сл.
8. Најлабилните тука веќе “паѓаат”, , се крши нивниот отпор кон неправдата. Попуштаат и потпишуваат изјава која им е сервирана, а од страв тоа најчесто го повторуваат на судот во сведочњето. Некои од нив преговараат и се обидуваат да ја ублажат изјавата што се бара од нив, со надеж дека тоа ќе ја ублажи штетата што некому неправедно ќе ја направат. Но, штом им прифатат, тоа значи дека обвинителот е задоволен со тоа за да ја оствари посакуваната цел. Некои дури одат кај жртвата против која треба да дадат лажна изјава, или неговиот адвокат, за однапред да се извинат дека дека мораат да се спасуваат правејќи штета на друг, објаснувајки со што се соочуваат. Има и такви кои при сведочење во судот помалку или повеќе уа менуваат таа изјава, бидејќи Законот не ги терени ако во обвинителство кажат едно а во судот друго. Има и радикални случаи каде отворено даваат дијаметрално спротивна изјава во судот и кажуваат дека во обвинителството морале да кажат така бидејќи им се заканувале, но така храбро има многу малку. Во такви случаи, обвинителот го преквалификува нивниот статус во “непријателски сведок” со цел да го намали влијанието на нивната изјава. Судијата, барем во оние случаи на кои присуствував најчесто само следи и не се меша во својата работа. Судијата понекогаш е по исплашен од самиот сведок кој треба да даде лажно сведочње.
9. Повеќето такви сведоци викнати во обвинителството продолжуваат да се правдаат, не сваќаки дека сето тоа е “игра”, и дека што и да кажат притисокот ќе продолжи.
10. На крајот истекува многу време и завршува разговорот. Обвинителот и истражителите со него малку ја спушта тензијата и повторно почнува со доза на пријателски пристап. Ја испраќа жртвата сведок до вратата. Најчесто на излезот на вратата така божем приватно и пријателски му се обраќа на веќе шокираниот, блед и испотен сведок: “слушај, знам дека имаш “толку и толку” деца, фамилија, кариера/бизнис, не вреди да си ги жртвуваш за “тој и тој” (политичкиот таргет за кој нема докази па мора да се обезбедат лажни сведоци). Ние знаеме се за него и тој е готов (лажат, немаат ништо). Не зависи тоа од тебе. Размисли уште еднаш и пак ќе те повикам. Гледај си ја фамилијата, работата и животот, тој криминалец нема фала да ти каже. Ќе си го растуриш животот за ништо…”. Тоа е навежбано испраќање.
11. Така почнува “кршењето” на луѓето и притисокот од нормален човек да направат трговец со судбини на луѓе, најчесто блиски, кој треба својата слобода да ја спаси со губење на слободата на некој друг, кој исто како и тој не сторил ништо противзаконски и за што “сведокот-жртва” станува свесен.
12. “Сведокот-жртва” си заминува дома шокиран, преплашен/преплашена, под силен стрес. Вообичаено пренесува на домашните со што се соочува. Секој различно реагира дома. Некој ќе го советува: “треба ти да си се спасиш, имаш деца..”итн. Други со поцврсти карактери: “не смееш да им се дадеш, мораш да издржиш, ќе помине ова, во нашата фамилија никогаш немало луѓе кои продавале други луѓе….”. Потоа следуваат консултации со адвокати, а и тие понекогаш принципиелно, но некои од нив знаат и да советуваат зависно од нивниот финасиски и политички интерес. “Сведокот-жртва”, а често и неговото семејство има немирни ноќи, нервоза, анксиозност, дефокус од редовната работа, по цели денови мисли и зборува дома и надвор само за тоа, или се повлекува во себе. Тоа е период на тешка психичка тортура која не може секој да ја издржи. По некоја недела “сведокот-жртва”повторно е поканет кај обвинителот.
13. “Кршењето” продолжува. Колку подолго жртвата сведок дава отпор, толку повеќе растат заканите и тензиите. Некогаш на маса се стават подготвени кривични пријави против него лично кои чекаат на потпис од обвинителот. Ги чита. Сваќа дека е безвредно веќе да објаснува, и треба да одлучи: ќе попушти и ќе уништува некој друг кој нема вина или самиот ќе се соочи со неправди и политички прогон. Тука луѓето се гледаат кој каков карактер е. Кој колку е цврст карактер. Се друго може да е глума, лажна престава, “чукање во гради”, но тука е вистинскиот тест.
14. Така, дел од луѓето до крај одбиваат да го направат тоа што се бара од нив. Против некој од нив почнуваат прогон како одмазда, и потоа низ судскиот процес сеуште му нудат соработка, во смисла ако се премисли и им го даде тоа што го бараат да го ослободат или да помине со нешто лесно. Некои пак ги забораваат. Не им процесираат ништо. Но, некој од “жртвите-сведоци” прифаќаат соработка и така почнува судскиот процес кој медиумите блиски со власта со особена страст го пренесуваат на јавноста без да знаат или без да сакаат да знаат што е позадината на сето тоа, и веднаш обвинетиот го судат и преставуваат како крив. Јавноста станува негативно насочена кон обвинетиот а судијата под јавен притисок да досуди осудивачка пресуда и најчесто восок а затворска казна.
15. Има и потешка форма од ова. На пример, директно некој се става во притвор и се остава месец-два да поседи таму во тие тешки услови пред да почне да го викаат на разговор кој наликува, но не е толку љубезен на почетокот на првиот разговор со жртвата сведок, но овој пат оваа “жртва-притвореник” е во многу потешка ситуација, тој е од самиот старт осомничен и психолошки деградиран со држење во мизерни притворски ќелии со различни опасни криминалци околу него. Ако водел бизнис, бизнисот му припаѓа, ако имал работа веќе е суспендиран а можеби и отпуштен, семејството во шок, некои семејства почнуваат да се распаѓаат, едноставно штети и проблеми од сите страни а перспективата ќелијата. Веројатно ова прво со притвор па разговор го прават кај луѓе за кои знаат однапред дека тешко ќе оди со нормално убедување. И тогаш понудата е најчесто, дека ако дава изјави какви ќе му кажат, ќе добие на приемер условна или ниска осуда и нема да оди во затвор, а може и да го повлечат обвинението. Ако прифати и потпише, најчесто веднаш го пуштаат од притвор и не бараат дополнителни мерки на претпазливост. Ако одбие, продолжува притворот и следува лажно обвинение и за него со непостоечки докази, докази кои не се докази, ама судијата кој или е политички охрабрен или и тој е заплашен од обвинителот вика: “докази се!!!”.
На крајот судските предмети и обвинетите со години се влечат по судови и се борат, чекаат некое подобро време каде на тоа ќе се стави крај. Оние другите кои ги “скршиле” и влегле во “играта на ѓаволот” живеат со срамот, со грижата на совест, а дел од нив за да го намалат срамот на нивната околина раскажуваат дека тоа што потпишале всушност така било, иако знаат дека не е така. Така сметаат дека ќе го намалат презирот кон себе на околината.
Ова е методот на работа кој го започна Зоран Заев со дел од обвинителите, дел од судиите и со подршка на некој надворешни моќни центри кои ги подржуваа овие процеси, а против кои денес во нивната земја водат истраги и преиспитување на тоа што го правеле.
Ако ова само запре и нема казна за тие кои го нарачале, подржале и спровеле, низ една уредна и транспарентна судска постапка, со обвинители и судии кои имаат силен интегритет, психолошка стабилност и кои не биле дел од овие игри, тогаш има надеж дека во Македонија нешто ќе се промени во судско-обвинутелскиот систем и дека политичкиот прогон во иднина нема да се повторува.
Сведоци за еден ваков мега судски процес ќе има колку сакате. Многу! Но, вистински сведоци, а не уценети. Луѓе кои поминале низ лична голгота за некој обвинител да исполни нечија нарачка за некого. Ќе посведочат факти многу посурови од ова што го опишувам. Јавноста ќе биде згрозена. А правдата ќе почне да доаѓа во Македонија.
Ако тоа не се случи, се ќе остане исто. Актерите ќе се менуваат, државата ќе тоне, а народот разочаран ќе си заминува од земјата. На политичката сцена ќе доаѓаат се послаби и послаби кадри, бидејќи најдобрите кои имаат многу опции бо животот, ретко ќе ризикуваат ем деноноќно да работата за општо добро, ем на крајот некој нивни наследник да се изживува со нив, со нивниот живот и со нивното семејство, користејќи свои инсталации во правосудниот систем.
Со обзир дека сигурно некој ќе ме обвини дека и јас сум нарачувал вакви политички прогони кај судии и обвинители против мои политички неистомисленици, слободно нека проверат со сите до еден судии и обвинители, не дали сум им се јавил/повикал или замолил некого да осудат, затворат или слично, туку дали воопшто некој од нив се запознал со мене некогаш во животот, а за 2-3 кои можеби се запознале по сосема друга природа на нештата, да ги прашаат што сме разговарале и дали воопшто сум побарал некого да наместат невин.
Да си обвинител и да прифатиш да изнудиш изјави од сведоци кои ги изнудуваш со вакви незаконски методи и уцени, за да задоволиш нечии политчки барања, да си овозможил себеси кариерен напредок на ваков начин, или конфорен живот, не само што тоа значи дека не си за обвинител, туку треба да бидеш изнесен пред суд и казнет за злото кое си го направил на некои луѓе.
Да си судија во некоја ваква судска постапка, да осознаеш што се случува и какви сведоци ти доаѓаат, да молчиш и да делиш затворски казни заради политички мотиви, или кариерен напредок или конфорен живот, тоа исто така не само што значи дека не си за судија, туку ти како судија треба да седнеш на обвинителна клупа и да бидеш казнет за злоделата кои си ги направил.
Кога тоа ќе го видат другите обвинители и судии, во иднина нема да им падне на памет да прифаќаат учество во вакви политички хајки какви што имаше во Макеоднија во последните години, по цена да ја загубат работата.
Така се менува систем. Не само со промена на закони и подзаконски акти. Се друго ќе биде залудно, а денешните и утрешните политички актери нека чекаат репризи на горе-опишаното.
